Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за ТВ21: Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово

11112024 Mickoski 22.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски, за ТВ21 изјави дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице ја напуштил земјава и заминал во Косово. Тој тоа го сторил со возило со дипломатски таблици, вели Мицкоски.

„Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата, додека поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил границата на Македонија и заминал во Косово“, рече Мицкоски.


Гледајте го целото интервју со Христијан Мицкоски на ТВ21 вечерва во 21:30 часот.

Можете да прочитате

Левица: СДСМ поради таен договор со Мицкоски не дозволи опозициско обединување за една изборна единица

Зајкова: Предлогот за електронско гласање за дијаспората, но не и за граѓаните тука, е политичка шизофренија

Додека други напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација, велат од СДСМ