Во државава сите се подготвуваат за двојните избори оваа пролет, но она што е невообичаено е што шести ден лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не е појавен во јавноста иако претходно тој секојдневно а некогаш и по два или три пати на ден имаше јавно настапи, објави на социјални медиуми, гостувања на телевизии…
Од она што како информација го добиваме од извори од ВМРО-ДПМНЕ, ПР агенциите кои го советуваат, му сугреирале на Мицкоски да не се појавува во јавност многу често, за да не си го расипе рејтингот иако кампањата само што не почнала и сите партии и лидери се со полни агенди.
На Мицкоски му се замерува и дека бил доста контрадикторен во своите изјави, за работното место кај неговиот татко, потоа за внесување на Бугарите во Уставот, а ососбено за немањето одговор на прашањето кој е планот на ВМРО-ДПМНЕ за европската интеграција на земјата.
И додека Мицкоски го нема, главна улога во јавноста зазема потпретседателот на партијата Александар Николоски, кој вчера го соопшти и името на носителот на листата во петтата изборна единица, иако по правило, таа улога на соопштување носители му припаѓа на претседателот на партијата, односно на Мицкоски.
Отсуството на Мицкоски коиндицира и со поднесување на кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова, која наместо со граѓански потписи е единствена кандидатка која на изборите „ќе трча“ со поддршка од 30 пратеници.
На профилите на социјалните мрежи Мицкоски својата последна објава ја има на 17 март, кога честита Прочка, а од истиот датум е и последната објава во која се споменува Мицкоски на сајтот на партијата.