Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот

Mickoski e1745132701470.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод државниот празник Свети Климент Охридски.

-По повод денот на Свети Климент Охридски упатувам искрени честитки до сите граѓани. Делото на овој голем просветител претставува трајна вредност и инспирација за неговата посветеност кон знаењето, духовноста и развојот на писменоста. Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот.

Овој ден не потсетува на важноста да го зачуваме и унапредуваме она што ни е оставено како највредно наследство јазикот и писменоста. Да продолжиме да градиме силно општество преку вложување во младите, во знаењето и во културното богатство што не обединува.

Нека е честит празникот и нека живее делото на Св. Климент Охридски!

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш