Утрински Весник
Македонија

Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на Австрија

20260421184805 big 730x400 45.webp.webp

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија. 

Во рамки на посетата Мицкоски, како што најавуваат од Владата, ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара за продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот.


После средбата, премиерот и австрискиот канцелар ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските здруженија на двете држави на кои ќе се реафирмира одличната економска соработка и ќе се претстават можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу австриските и македонските компании. 

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,  министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа. 

Можете да прочитате

Величковски: Лицата на американските црни листи кај нас живеат слободно

Величковски: Државата е заглавена во затворен политички круг

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите