Утрински Весник
Македонија

Мицкоски со честитка за Божиќ до сите кои го празнуваат денеска

Mickoski246.jpg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Во мое лично име и во име на Владата на сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје.

Овие празнични денови нека ги исполнат домовите со радост, љубов и Божји благослов. Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и топлина во срцата, особено во времиња кога ни е потребна заедничка сила и поддршка. Да подадеме рака кон нашите ближни и нашите сограѓани, без оглед на разликите, на оние на кои им е потребна нашата помош, на најранливите категории и на сите оние на кои се соочуваат со предизвици.

Божиќ е празникот на дарувањето и споделувањето на меѓусебна љубов и разбирање.

Нашата традиција како земја и општество не научила низ вековите дека заедно сме посилни и заедно можеме да ги надминеме сите препреки и искушенија пред кои сме биле исправени.

Во духот на божиќната порака за мир и добра волја меѓу луѓето, посакувам голем напредок, перспектива и стабилност на нашата татковина. Нека празничните мигови ни бидат потсетник дека треба да се обединиме, бидејќи заедно можеме да градиме посилна, заедничка и поуспешна Македонија – земја во која секој граѓанин се чувствува ценет, заштитен и исполнет со надеж за поубава иднина.

Можете да прочитате

Уапсен радовишанец кај кого била најдена марихуана

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица