Утрински Весник
Македонија

Мицкоски-Росвал: Македонија што побрзо да бидел дел од ЕУ, но без негирање на историјата и идентитетот

Мицкоски-Росвал: Македонија што побрзо да бидел дел од ЕУ, но без негирање на историјата и идентитетот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, и пратеничката Гордана Силјановска Давкова, остварија средба со Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на Македонија.

Од страна на Мицкоски го реафирмираше ставот на партијата за тоа дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, истакнувајќи дека таквиот однос на уцена од страна на Бугарија не само што ги нарушува меѓусоседските односи меѓу двете земји, туку и не претставува никаква европска вредност.

Мицкоски додаде дека стратешки интерес за просперитетот и развојот на државата е Македонија да стане што побрзо дел од големото европско семејство, но без негирање на историјата и идентитетот.

Во однос на внатрешната политичка и економска состојба, Мицкоски ја истакна својата загриженост бидејќи од страна на власта единствено што се прави е криминалот и корупцијата во која директно владините челници се вклучени.

Воедно, на средбата се разговараше и за одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и сестринската партија Модератерна, за која изјави дека очекува во претстојниот период да се одвива со засилена динамика.

Мицкоски се заблагодари на поддршката која ја добива Македонија од страна на Кралството Шведска, и изрази желба соработката и во иднина да продолжи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна