Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Раст од 3,5 до 4 отсто реален во првиот квартал

Mickoski 2.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот Македонија 2025, кој денес започна во Скопје, потенцираше дека, врз основа на почетните показатели, постои голема веројатност економскиот пораст на земјата во првиот квартал да биде помеѓу 3,5 и 4 проценти, со што би се вброиле меѓу најуспешните во Европа.

Според неговите зборови, доколку се стабилизира состојбата во европската економија, особено во автомобилската индустрија, тогаш постои можност за уште позначајни резултати кои би се движеле меѓу пет и шест проценти.


Премиерот ја гледа Македонија како важен центар во кој, како што рече, се пресекуваат коридорите 8, 10 и 11, што е, додаде тој, од исклучително значење за јужното крило на НАТО. Поради тоа, идните напори ќе бидат насочени кон интензивен развој на инфраструктурата. „Имаме потенцијал и со перформансите сме пред сите други“.

Мицкоски истакна дека првата година од неговиот мандат била многу тешка и полна со предизвици, бидејќи било неопходно да се запре слободниот пад со кој се соочувала државата. Според него, нереално е да се започне со реформи кога се уште се решаваат основни, суштински проблеми.

На Самитот Македонија 2025 присуствуваат над 500 гости, меѓу кои економски аналитичари, директори на тинк-тенк организации, поранешни и сегашни премиери и министри од земјата и од странство, како и експерти од научната сфера од повеќе земји.

Главни теми на самитот се забрзување на економскиот прогрес, дигитализација, вештачка интелигенција, иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал со паметни инвестиции и улогата на дијаспората во националниот раст.

Учесниците ќе дискутираат и за децентрализација на власта, иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, за редефинирање стратегии, за странски директни инвестиции, како и за образованието на иднината – создавање лидери, мислители и иноватори.

Можете да прочитате

Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови

Мицкоски на „Македонија 2025″: Се соочивме со големи предизвици, но не очајуваме, македонската економија има потенцијал испорачуваме резултати

Мицкоски на средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини: Разговори за соработки и иницијативи со светски визионери