Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Прерано е да се разговара за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник во Кочани

Mickoski2.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, планира да го изнесе тој предлог на лидерска средба.

Премиерот не би сакал да навлегува во таков тип на политиканство, во период кога се уште не се залечени раните од ужасната трагедија.


„Тоа ќе предизвика дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски. Уште не се 40 дена поминати од тој настан“, изјави Мицкоски во Ново Село.

По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59 луѓе, а над 180 беа повредени, градоначалникот Љупчо Папазов, си поднесе оставка. За одлуката информира преку Фејсбук, по повеќе од еден ден од трагедијата. Тој е опфтен и со обвинението што се води за случајот, заедно со претходните двајца градоначалници, откако стана извесно дека диското работело со години без да ги исполнува безбедносните гаранции.

Можете да прочитате

Да се подобрат состојбите и да зголеми довербата на граѓаните во судството – очекува новиот член на Судскиот совет, Садула Изари

Мицкоски: Ја консолидиравме државата, ќе ја развиваме да биде таква каква ја посакуваат граѓаните

Претседателот на РКЕ, Бислимоски поднел оставка