Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Потребни се 2,5 милијарди евра за Македонија да преживее

Ќе успее ли државата да набави јаглен и струја? Постојат две сценарија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Првото е да не успее и тогаш сите ние да го почувствуваме како физичка појава. И второто е да успее, но тоа да го плати најскапо.

„Најсиромашната држава неспособноста на Владата ќе ја плати најскапо, ете тоа е нешто приближно што можеме да го очекуваме, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за да се случи второто сценарио, а тоа е да набави државата јаглен, гас и струја, тогаш единствен начин е преку повторно задолжување, бидејќи ќе бидат потребни 2,5 милијарди евра за Македонија да преживее, а како што нагласи, парите ќе треба повторно да ги дадат граѓаните и да ги платат неспособноста и криминалниот карактер на Владата на СДСМ и ДУИ.

„Да се случи второто сценарио, ќе требаат пари, а единствен начин да се обезбедат тие пари е повторно задолжување, повторно државни гаранции или, пак, да се користат државните резерви, кои и така се намалени, за да дојдеме првпат по долго време под 3 милијарди, со што веќе сериозно ќе биде нарушена макроекономската стабилност на државата бидејќи навистина ни требаат многу пари. Јас тоа веќе го кажав, 2,5 милијарди се потребни. ако ме прашате од каде таа бројка. ја кажав многу едноставно. само за гас ќе ни требаат 250 милиони, еврообврзницата што достасува на почетокот на следната година е 450 милиона, околу половина милијарда би требало да биде буџетскиот дефицит, значи повеќе потрошиле отколку што собрале, и самите рекоа дека 300 милиони ќе им требаат за струја, јаглен и гас. Дојдовме приближно до една и пол милијарда и тоа сметајте го и за 2023 година, без да биде поддржано стопанството. Значи, 2,5 милијарди евра се потребни за Македонија да преживее, не велиме да живее, туку да преживее.

Тие пари сигурно нема да ги извади ниту Ковачевски, ниту Ахмети ниту кој било од Владата, туку тие пари треба да ги извади народот. И тука нема ниту Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ ниту ДУИ, сите сме обединети околу маката и сите ќе треба од џебот да ги извадиме тие пари и да ги платиме неспособноста и криминалниот карактер на Владата“, потенцира Мицкоски.

Можете да прочитате

ЕИФ ќе обезбеди 60 милиони евра за кредитирање на мали и средни претпријатија во земјава

Николовски: Се гордеам што денес имаме 173 регистрирани и со грант поддржани 145 мали семејни винарии

Се намалува дизелот, бензините остануваат со иста цена