Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Очекуваме поддршка за Силјановска Давкова од ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во вториот круг

Hristijan Mickoski 28.04.2024.jpg

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за нашиот претседателски кандидат од Максим Димитриевски”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увидот на градежни активности во Општина Аеродром.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

„Ги повикувам сите гласачи на сите кандидати кои не влегоа во вториот круг да го поддржат идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што на тој начин Македонија ќе биде повторно ваша, повторно горда, а не понижена ограбена како што е сега. Да одиме напред бидејќи сите одат напред, да не тонеме во политичкото мочуриште кое не влече назад 6 и половина години и да бидеме заробеници на неколкумина кои станаа милионери, а голтари влегоа во политиката”, дециден е Мицкоски.

Можете да прочитате

Куманово под засилени контроли: Еден уапсен, четири кривични дела и десетици казни

Попладнево голема полициска акција во Скопје: Црвено светло, без кацига и нерегистрирани мотори санкционирани 326 возачи

Крвава пресметка по кавга во сообраќајот: Ранет маж во главата кај Шишево