Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Очекувам плодни и успешни средби што ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави

Mickoski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од изјава за медиуми на премиерот Христијан Мицкоски:

„Почитувани македонски граѓани,


Од денес па до четврток, заедно со тим од Владата, заедно со тим од мојот кабинет, се наоѓаме во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во билатерална посета. Деновите коишто следат очекувам да бидат многу плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави.

Денес, впрочем денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска би рекол средба којашто ја имав со Неговото височество, претседателот на ОАЕ. На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас, од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада, но истовремено, го поканив Неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму- нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка.

Во деновите коишто следат, ќе имам средби со стопанските комори на Емиратите- Дубаи, Абу Даби, Шарџа- како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваа интерес да инвестираат кај нас, дома во Македонија.”

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk