Утрински Весник
Македонија

Мицкоски не пресече лента на реконструираната делница Катланово – Петровец, ама на фанфари најави реконтрукција на локален пат од 2,4 км

Mickoski Izjava Petrovec.jpg

Централниот настан на премиерот Христијан Мицкоски денеска беше почетокот на реконструкцијата на локалниот пат Катланово – Градманци.

„Нема време за чекање. Од Вашингтон и Њујорк, директно во скопски Петровец“ вака премиерот Мицкоски ја најави неговата денешна активност.


Иако станува збор за реконструкција (а не пробивање) и тоа на локален пат во должина помала од 2,5 километри тоа не го спречи Мицкоски на фанфари да го најави овој проект.

Можеби причината за тоа е што овој проект ќе се финасира од унгарскиот кредит, па оттаму и брзањето на Мицкоски од Вашингтон да се упати кон Петровец.

Но Мицкоски и министерот за транспорт и врски кога веќе беа во Петровец, можеа да поминат и до делницата Катланово – Петровец (од автопатот Велес – Скопје) која е реконструирана и пуштена во употреба.

Иако оваа делница се работеше неколку години, таа во сообраќај се пушти во октомври минатата година.

Мицкоски и Николоски најдоа за сходно со помпа да го пуштат во употреба експресниот пат Градскко – Дреново, пругата од Куманово до Бељаковце, но не посветија внимание на делницата Катланово – Петровец.

Зошшто Владата немаше организиран настана за пуштање во употреба на таа делница? Дали затаји ПР-от, дали Мицкоски делницата ја смета за сираче или едноставно не им се видела доволно интересена?

Можете да прочитате

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик

Почна судењето против Мерко за поставената спомен плоча на влезот на Општина Струга