Утрински Весник
Македонија

Мицкоски не е задоволен од реториката на Рамадани, најави негово разрешување од функцијата

Screenshot 20251026 192139 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Во Брвеница, во вториот круг на локалните избори отидоа Хаќим Рамадани од ВЛЕН и Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Кампањата за оваа општина продолжува, а на Рамадани му се приклучи и Енвер Пајазити, кој беше кандидат на НАИ во првиот круг.


„Општина Брвеница треба да ја води мнозинството, затоа што тоа е демократско право. Имам емоции, но и многу искуство, а вашето присуство ми дава за право дека не треба во 7 часот да славиме, туку славјето започнува во 5 часот на 2 ноември.“, изјави Рамадани.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во Брвеница, каде што изјави дека кампањата на Хаќим Рамадани е голема грешка и дека ќе има ефект и во Тетово, Дебар и Струга. Тој додаде дека вакви предупредувања добил и од меѓународните претставници. Мицкоски најави и негово разрешување од функцијата што моментално ја извршува.

„Она што го кажа овој кандидат за градоначалник ќе влијае врз неговиот ангажман во иднина. Прво, кога ќе ги загуби изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од функцијата што ја има сега.“, вели Мицкоски.

Инаку, Хаќим Рамадани моментално е директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница