Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Над 10 општини аплицирале за капитални проекти како дел од проектот 250 милиони евра за општините, бројката расте

Hristijan11092024.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека јавниот повик за аплицирање на проекти од страна на општините завршува утре, потенцирајќи дека до сега се пристигнати проекти од прилика од 10 до 12 општини.

„Во текот на вчерашниот ден имаше некаде од 10 до 12 општини кои ги поднеле своите апликации очекувам тој процес да забрза и утре да заврши успешно, потоа следи евалуација на истите. Да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното”, објасни претседателот на Владата на Мицкоски.

Станува збор за капитален проект со кој на општините им се става на располагање над 250 милиони евра за инфраструктурни проекти и нивен развој. Во тек е јавниот оглас каде општините може да аплицираат со свои проекти.

Можете да прочитате

Тренчевска: Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот

ОЈО отвори истрага за разбојничка кражба

Мицкоски, објави одлука од Апелациониот суд со која се утврдува дека СДСМ изнесувала невистини за него