Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман – Идната влада ќе биде посветена на силни реформи за Македонија

Sredba 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски остварија средба со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман.

На средбата се разговараше за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на идна стабилна Влада и беше потенцирана силната посветеност на ВМРО-ДПМНЕ која како идна влада ќе се посвети на трите главни постулати – борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформите неопходни за евриоинтегративниот пат на Македонија.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на амбасадорката за поддршката која Швајцарија и ја пружа на Македонија од осамостојувањето до денес и со сигурност се потврди и соработката која ќе се продлабочува и проширува во иднина.

Можете да прочитате

Арбен Зибери премина во Демократското движење на Изет Меџити

Деца на Попова Шапка се обиделе да го ограбат манастирот

Шукова доби нова позиција во партијата