Утрински Весник
Македонија

Али Ахмети и Зијадин Села на средба во Тетово

Dui.webp.webp

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во моментов во Тетово е на средба со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Во изјава за Алсат, Села истакнува дека станува збор за тековна средба меѓу тесното раководство на АА и ДУИ.

– Тоа е редовен состанок на Фронтот, тесното раководство на АА со раководството на ДУИ и ќе дискутираме за политичката ситуација, рече Села.


Прашан дали лидерот на едното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари ќе стане дел од Европскиот фронт, Села потенцира дека се отворени за секој што ја сфатил својата грешка и бара извинување.

– Ова се моменти за кои нема да се дискутира денеска, а „Европскиот фронт“ е жив организам и отворен за сите оние кои бараат јавно извинување и ги разбрале грешките што ги направиле, но без да се направат овие работи, тешко е да се има било каква друга опција, изјави Села.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна