Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

7b5256ce cbc4 9657 a709 58955ba0f0e2.jpg

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живеење на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој процес ја цениме поддршката од ЕУ. Истовремено, очекуваме европската интергација да остане процес што се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес оптоварен со билатерални прашања, кои создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Како што напомена Мицкоски, важно е да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат за сите други кандидати и држави што биле кандидати.


– Нашата определба останува непромента – ќе продолжиме со реформите, ќе ги зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото. Остануваме доследни и на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано на заемно почитување, заштита на националното достоинство и  јасна предвидлива европска перспектива – истакна премиерот.

Тој оцени дека денешната посета на Кос е можност за отворен, искрен и суштински разговор за македонската европска перспектива, за реформите што земјата ги спроведува и за потребата, како што нагласи, проширувањето да остане доследно на принципите на ЕУ – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

-Верувам дека денешните разговори ќе придонесат за подобро меѓусебно разбирање и натамошно зајакнување на партнерството со ЕУ, засновано на доверба, почитување и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот, подвлече премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети

Приведен турски државјанин во Охрид за посредување во проституција

Кузеска: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа