Утрински Весник
Македонија

Мицкоски кажа дека ѝ честитал на Шекеринска за изборот

11112024 Mickoski 22.jpg

„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие”, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.

„Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани”, посочи Мицкоски.

Можете да прочитате

Јавното обвинителство даде насоки на финансиската полиција да ја испита набавката на гориво за ЈСП

Утре (петок) нови обилни врнежи, студен бран, силен ветер и снег на планините, ноќта кон сабота снег и во пониските места!

Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра, бара СДСМ