Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Кого лаже Изет Меџити, парите за гасификација се преполовени

Sdsm 2.webp.webp

Интгегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Мицкоски и Меџити не само што не преземаат ништо, туку упорно го лажат народот. Денеска Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина, се обиде да го убеди народот дека гасификацијата е решение за аерозагадувањето. Но вистината е сосема поинаква. Наместо да инвестира во гасификација, владата ги преполови средствата за овој проект во Буџетот за 2025 година. 

Дури и кога зборуваат за други решенија, како што е когенеративната гасна централа, лагите продолжуваат. Само пред неколку дена, Мицкоски тврдеше дека оваа централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но каде се тие пари во буџетот? Нема ни денар. Нема средства, нема план, нема никаква стратегија за намалување на загадувањето.

Состојбата е уште полоша ако се погледне фактот дека повеќето од мониторинг-станиците за мерење на квалитетот на воздухот не функционираат. Од 29 инструменти, повеќето се надвор од употреба, а средствата за нивно одржување ги нема. Ако власта не може ниту да го мери загадувањето, како ќе се бори против него?

И тука не застануваат. Депонијата „Дрисла”, која е главен извор на загадување за цело Скопје, останува заборавена. Нема средства за нејзино подобрување, ниту за воспоставување модерен систем за управување со отпадот. Наместо тоа, секојдневно гледаме неорганизираност, негрижа и неспособност.

Ова е алармантно. Наместо да преземат конкретни мерки за спас на животната средина, власта на Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ се зафатени со лажење на народот и празни ветувања. Секој ден кој тие го поминуваат во неактивност е ден во кој граѓаните го плаќаат со своето здравје.

Ете толку е негрижата на власта на ДПМНЕ за здравјето и животите на луѓето. За нив, граѓаните се само бројка, а нивните лаги и празни зборови немаат граници. 

Но ние, од СДСМ, нема да дозволиме оваа состојба да продолжи. Време е за вистински мерки, за акција, за решенија кои ќе го спасат животот на нашите деца. Време е за власта да сноси одговорност!

Можете да прочитате

Поради немање кворум, одложен изборот на Христовски за асистент

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање

Скоро половина метар снег на Скијачките центри, а најтопло во Гевгелија со 15 степени