Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Издавањето на личните документи е во рамките на законските 15 дена

Pasosh I Licna Karta.jpg

Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во ООУ „Стив Наумов“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дали е решен проблемот издавањето на документите од страна на МВР.

-Можам исто така со задоволство да кажам дека нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните документи, патните исправи и другите лични документи. Од информациите коишто ги добивам од МВР некаде околу 1.740 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи. Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани, рече Мицкоски.

Премиерот забележа дека тоа е уште еден доказ и оти не се сите исти, а оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните.

Можете да прочитате

Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР

Ќе се менува Законот за култура во делот на вработувањето на неопределено време на уметниците