Утрински Весник
Македонија

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава

20260508135156 big 730x400 78.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава.

Мицкоски по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјава на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа. 


– Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата вака еве го поканувам – изјави Мицкоски. 

За тоа дали очекува затегнување на односите, откако денеска бугарското Народно собрание ја избра новата влада предводена од Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија, Мицкоски нагласи дека тој не рекол дека очекува влошување, туку дека не очекува подобрување. 

– Се додека има котиња од СДСМ, кои што коленичат и кои што ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување, наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, јас кога победи утрото му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа Влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои што треба да разговараме – истакна Мицкоски. 

На прашањето да даде коментар за вчерашната изјава на Бујар Османи во „Само интервју“ дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со  употреба на физичка сила, Мицкоски рече дека овие закани ги разоткриваат вистинските намери.

– Заканите на Бујар Османи само покажуваат кои се вистинските намери. Тоа е закон кој што е одобрен од страна на Венецијанската комисија дека ги исполнува сите меѓународни услови. Инаку, за делот од содржината на неговата изјава, јас немам што да кажам, претпоставувам дека тоа е тој фолклор, кој што ќе го слушаме во периодот што следи. Ние имаме меѓукоалициски договор, законот е испратен во Собрание и очекувам што побргу да се усвои – рече тој.

Во однос на промените на цените на нафтата на светските берзи и неговите очекувања за состојбата кај нас следната недела, Мицкоски рече дека денеска на крајот на денот ќе има повеќе информации и според она што гледа изминатите два до три дена, очекува в понеделник да имаме поевтинување.

Можете да прочитате

Приведен 79-годишен скопјанец, допирал малолетна сосетка

Ја тепал и давел сопругата, па и го скршил телефонот обезбедувачот на Мицкоски

Силни пораки од регионалната конференција во Скопје: Луѓето во центарот на демографската отпорност