Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе ја направиме Македонија енергетски независна во делот на увоз на електрична енергија

24092024 Opstina Gjorce Petrov 7.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со инвестициите во енергетиката и за тоа дали земјава може да стане енергетски независна, оцени дека Владата ќе ја направи Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија.

„Апсолутно да. Ако се сеќавате добро, ние мандатот го започнавме со една таква инвестиција, инвестицијата на компанијата „Алказар”, каде што очекувам отприлика производство од обновлива енергија од еден терават-час, еден терават-час е отприлика колку што е 25 проценти од вкупното производство коешто го имаме како држава. И со овој еден терават-саат, ќе дојдеме до чекор до независност, а во периодот којшто следи со носење на новиот Закон за енергетика каде што ќе бидат предвидени и батериски системи и слично, мислам дека во следната 2025, почетокот на 2026 година можеме да зборуваме за портфолио на државата, увоз-извоз, нула. Што значи ќе ја направиме Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија”, изјави премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец