Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Денес Бугарија работеше против нас, но Македонија останува горда, нема да дозволиме ново предавство

Image 2025 07 09 154752579.png

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, на површина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција.

Како што порача Мицкоски од партискиот штаб, ние сме на вистинската страна од историјата, „а Бугарија видовме и дека знае да ја утне вистинската страна“.


– Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но не од сега, туку уште од 1990 година. Таа има јасна агенда и план, водена е од мислата да ги уништи македонската нација и идентитет. Но, да оставиме трага на вистината. Ова е нашиот Крушевски манифест, мораме да се мобилизираме со сите наши пријатели и сојузници. Ова е борба за фундаметнални правда и вредности. Но, оваа борба ниту почнува, ниту завршува денес, сите овие перипетии колку и да се трагични за Македонија имаат успешна димензија, потенцира Мицкоски по повод гласањето на извештајот во ЕП.

Според премиерот, македонската историја е втемелена на неправди.

-Неправдите не се само идентитетски, преку оспорување и предавство, туку се и социо-економски, се раселувале, бегале од тука. Денес само методите се поинакви, но суштината е идентична. Никогаш нема да се соочиоме со неправдите ако не ги именуваме идентификуваме и победиме, рече Мицкоски.

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.

Можете да прочитате

СДСМ: Гори цела Македонија, Владата нема контрола врз пожарите

ДОМ: Томас Вајц ја пренесе вистинската слика за Македонија во Европскиот парламент

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски