Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на автопатот 53 во Унгарија, каде 15 лица се повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград. Како што раскажал таткото на еден од патниците, се се случило во раните утрински часови.
„Мојот син отиде со својата девојка од Белград во Будимпешта да ги помине првомајските празници таму. Ми се јави околу шест утринава да ми каже дека имале сообраќајна несреќа. Ми кажа дека автобусот им се превртел“, изјави Зоран.
Потоа додал дека пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот.
„Го скршиле стаклото за да ги извлечат патниците, син ми е добро и неговата девојка. На местото на настанот дошле Брза помош и сопственикот на агенцијата преку која патувале“, вели Зоран.
Како што дознава сропски „Телеграф“, некои патници се вратиле во Белград и не сакале да го продолжат патувањето, а други чекале нов автобус и го продолжиле патувањето до Будимпешта.
Српските туристи вчера тргнале од Србија за Будимпешта, а планот бил да се вратат на 2 мај.