Утрински Весник
Економија

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании

Mf.webp.webp

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, исплатени се транша во вредност од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, односно вкупно 873 милиони денари или 14,2 милиони евра.

Со исплатата на овие транши вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании.

-Владата средствата ги обезбеди преку кредитна линија од унгарската Експорт-импорт банка, со цел поддршка на домашната економија, а преку пласман на средства по поволни услови за компаниите за реализација на приватните инвестиции во развој на компаниите и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно и рок на отплата до 15 години и грејс период до 3 години. се вели во соопштението на Министерството.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесуваат 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Определбата да нема промена на даночните стапки наметна внимателно планирање на Буџетот за 2027 година

Ако роботите ги заменат професиите, кој ќе плаќа придонеси?

Од понеделник ќе јадеме поскап леб, поскапуваат и други намирници