Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Релативно ладното време продолжува, локално со дожд и снег!

Meteoalarm.mk 27.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во Македонија продолжува променливото и релативно ладно време. Утре (петок 14.2.2025) повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец, а во (сабота 15.2.2025) ќе засилува ветерот од северен правец.


Времето ќе биде променливо облачно, повремено со повеќе облачност а ќе има  и послаби локални врнежи кои на планините, секако, и на Скијачките центри ќе бидат од снег (што значи дека снежната граница ќе биде некаде со висина од над 1400/1500 метри надморска височина).

Во Скопје  и околината ќе биде претежно суво и претежно облачно со повремено засилување на ветерот од југоисточен и од северен правец. Има мали услови во делови од котлината за сосема слаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот од 3 до 11 степени, само во југоисточните предели таа би можела за степен, два да биде повисока. Во Скопје пак наутро температурата ќе се спушта до околу 0 степени, а преку ден таа ќе се искачува до околу 10 степени.

Можете да прочитате

Сончев почеток на неделата, температурите денеска до 23 степени

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа