Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД: Поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме

Res 1592212826 Zuti Meteoalarm Za Rs Najavljeni Kisa I Grmljavina.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, како што веќе ве информирав  и претходно, во Македонија започна период на нестабилно време, па така  и за време на овој викенд во попладневните часови ќе  има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има  и појава на ново невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер  и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина ќе има развој на грмотевични облаци, а можно е  и ново невреме (особено утре, сабота).

Повеќе услови за нестабилност но и за невреме ќе има на изолираните места, и тоа особено во централните предели од државава, како и локално во источната половина од државава.

Апелираме, во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, и покрај постепениот пад на истите, сепак тие ќе бидат сеуште многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, во Скопје до околу 39 степени.

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче