Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Во четврток накратко во попладневните часови, особено во западните предели се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Meteoalarm.mk Najava.png

Во четврток во попладневните часови, особено во западната половина од државава, и тоа претежно во планинските предели, како и во планинските предели од централниот дел од државава ќе има краткотрајно дестабилизирање на атмосферата.

Оваа дестабилизација на атмосферата ќе предизвика локално во горе споменатите предели да има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион не се исклучува можноста за ваквата појава, но условите за ова се помали.

Сепак и покрај ова, сушата која ја зафати нашата држава ќе се задржи и понатаму, што значи дека сепак се работи за краткотрајна  и локална дестабилизација на атмосферата.

Можете да прочитате

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори