Утрински Весник
Магазин

Пронајдено дрво старо над 1000 години во Германија

Suma.webp.webp

Во регионот Алгој, на југот на Германија пронајдена е тиса стара околу 1.100 години. Дрвото се наоѓа во близина на Штајбис и Балдершванг, на надморска височина од околу 1.100 метри.

Според процената на Германското дендролошко друштво, животниот век на оваа тиса надминува единаесет века. Експертите објаснуваат дека е вистинско чудо што успеала да преживее толку долг период, имајќи предвид дека расте на северозападната падина на Алпите. Обемот на стеблото изнесува 5,1 метар. Според професорот по биологија на дрвјата на Техничкиот универзитет во Дрезден, Андреас Ролоф, тоа изгледа како „величествен споменик“, а видливите бројни пукнатини, израстоци, јазли и шуплини сведочат за неговата исклучително долга историја.

Сè уште не е познато како тисата стигнала до оваа изолирана алпска ливада. Според научниците, најверојатно не била засадена од човек, туку семето го донела птица. Со својата старост од околу 1.100 години, тисата од Алгој го надмина досегашниот рекорд на липата стара околу еден милениум, која расте во Упштет, Долна Саксонија.

Дрвото игра важна улога за историјата на Европа. За ова сведочи ловечкиот лак пронајден покрај остатоците на Еци, познат како „ледениот човек“, кој живеел пред околу 5.300 години. Тој бил направен од дрво, а остатоците биле најдени на Алпите.

Меѓу најстарите дрвја во Германија е и дабот „Ерле Феме“ во местото Ресфелд, во западниот дел на Минстерланд. Овој даб е стар околу 900 години, а обемот на неговото стебло надминува 12 метри. За најстаро дрво на светот, според стеблото е борот на Белите Планини во Калифорнија, чија старост се проценува на повеќе од 5.000 години.

Смреката „Old Tjikko“, во Шведска се проценува дека е стара околу 9.550 години. Меѓу најстарите живи организми се смета и колонијата трепетлики „Pando“ во САД, чија старост се проценува на околу 80.000 години.

Можете да прочитате

Легендарниот филм „Пурпурен дожд“ на Принс добива свој мјузикл на Бродвеј

Овие луѓе не признаваат дека грешат

Јадете доцна навечер? Научниците открија зошто тоа може да доведе до дебелеење