Утрински Весник
Македонија

МетеоАларм најава: Следуваат силен ветер и продор на многу ладен воздух

Meteoalarm.mk 15 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради нагло заладување на времето и продор на многу ладен воздух од север  и од североисток, во следните часови во Македонија иако ведро и претежно сончево, сепак ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој ќе биде наизразен во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија и повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

Во Скопје  и околината исто така во следните часови ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина до околу 60/70 км/час.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 6/7 степени.

Сепак вечерва температурите нагло и значително ќе опаѓаат  и до утре наутро (Понеделник 29 декември) насекаде во Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен. Во Скопје до утре наутро (Понеделник 29 декември) температурата ќе се спушти до околу -4 степени.

Поради силениот ветер кој се очекува во следните часови, поголемиод дел од Македонија ќе се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол