Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Пред нас се многу попријатни температури, Африканскиот бран попушта!

Meteoalarm.mk 71.png

Пред нас се многу попријатни температури на воздухот, што значи како што претходно кажав, топлиот бран од Африка значително ќе ослабне, па така максималните дневни температури на воздухот до крајот на оваа недела ќе бидат многу попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачува до околу 32/ 33 степени.

Инаку во следните денови ќе бидеме под влијание на посвежа воздушна маса од север која повремено ќе условува да дува засилен ветер од северен правец.


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Додека до среда (11 јуни) во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, се работи за помала нестабилност, што значи дека засега нема опасност од ново големо невреме во нашата Македонија.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница