Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Понеделник (4 август) нови обилни дождови и невреме!

Meteoalarm.mk 32.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во понеделник (4 август) во нашата Република Македонија ќе се создаваат фронтални влажни бранови кои ќе условат да имаме променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, на повеле места пообилни и поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).


Атмосферските процеси локално ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град. Токму поради ова апелирам, во случај на појава на невреме, електрични празнења  и на силен ветер граѓаните да обратат поголема внимателност. Особено во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени. Исто така, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

И во Скопје  и околината во понеделник (4 август) времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Температурите во понеделник (4 август) во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени во понеделник (4 август).

Можете да прочитате

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните

Шукова со честитка за Илинден: Заедно да градиме нова иднина, да ги движиме и Скопје и Македонија напред!