Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Поради атмосферски фронт, во следните денови очекуваме и понатаму многу топло време, но со развој на попладневни грмотевични облаци

Spooky Night Ominous Sky Danger Lurks Outdoors Generated By Ai 750x429 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, поради продор на атмосферски фронт од север, атмосферата над нашата територија, како и над целиот регион во следните денови се повеќе ќе се дестабилизира, па така ќе започнат да растат условите за локален развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Македонија утре (среда) а особено во четврток најпрвин особено во планинските места ќе има развој на вакви грмотевични облаци, при што е можна и појава на локално и краткотрајно невреме. Во петок, како и за време на викендот над целата територија на Македонија ќе се развиваат локални грмотевични облаци, па така пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има на повеќе места.

Можна е  и појава на поинтензивни атмосферски процеси во вид на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер и со појава на град. И во делови од Скопската котлина во овие денови ќе има развој  на грмотевични облаци, со што е можно и краткотрајно невреме.

Сепак и покрај ова, за време на викендот очекуваме само минимален пад на температурите на воздухот, и тоа за најмногу 3 до 4 степени, што значи дека многу топлото време продолжува, но сепак со локални попладневни освежувања.

Следете ја алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични