Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: Заборавете на дебелите јакни во следните 10 дена – Се очекуваат пролетни температури и до 20 степени!

Ecm1 120 660x330 1.gif

Метео анализа на Славчо Поповски:

Првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок. Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот “Зевс”.

Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени. Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.

Според моменталните анализи со кој располагаме, враќањето на зимата и на снегот ќе ги очекуваме по 10 февруари.

НАПОМЕНА: Во следните 10 дена заборавете на дебелите јакни, капи, шалови и чизми, а снегот и студот ќе го чекаме по 10 февруари.

Можете да прочитате

Се скарале, па се степале во нотарска канцеларија за оставинска постапка

Лефков: Дрин Ахмети добивал милионски тендери

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола