Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: До крајот на работнава недела променливо со појава на магла по котлините, во петок наутро многу постудено!

T2m 077 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на оваа работна недела ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе биде  и претежно без ветер и тивко, па така по котлините ќе има појава на густа магла и на ниска облачност, особено во ноќните  и во утринските часови. Посончево време ќе имаме  во петок. Исто така, утре и во четврток во западните предели ќе има услови за појава на сосема слаб дожд, додека на планините ќе провејува слаб снег.


И во Скопскиот регион во следните два дена ќе имаме променливо облачно време со појава на магла, особено во ноќните и во утринските часови. Повеќе сонце ќе има во петок.

Што се однесува до температурите, максималните дневни температури ќе бидат малку пониски за разлика од изминативе денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Значително постудено утро ќе имаме во петок, кога речиси насекаде температурите ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен.

Можете да прочитате

Даниела Колева избрана за претседателка на Форумот на жени од Извршниот одбор на СДСМ

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау

Македонец сака со трчање-пешачење да стигне до манастирот Острог – собира средства за деца болни од канцер