Утрински Весник
Македонија

„Металковци патуваат“ премиерно на сцената на МОБ – нова интерактивна претстава за најмладите

Whatsapp image 2026 03 06 at 10.20.31.jpeg

На 7 март со почеток во 11:00 часот, на Малата сцена на Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена новата интерактивна музичко-сценска претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“.

Претставата е наменета за најмладата публика и носи динамична приказна исполнета со музика, игра и интеракција со публиката, со цел децата активно да учествуваат во сценската авантура.


Истата ден ќе биде одиграна и реприза со почеток во 13:00 часот, додека следните изведби се закажани за 14 март во термините од 11:00 и 13:00 часот.

Автор на детските претстави во рамки на проектот „Фамилија Металковци“ е Мицко Дамњановски, кој преку оваа продукција продолжува да создава едукативни и забавни сценски содржини за децата.

Можете да прочитате

Полицаец побарал и примил поткуп за да не собере возило со „Пајак“

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

Притвор за маж од Естонија осомничен за силување на 14-годишно дете