И покрај изненадното заминување во 2021 година, легендата на Барселона, Лионел Меси сè уште го сака клубот и со голема почит зборува за каталонскиот гигант. Тој призна дека многу му недостигаат навивачите на Барселона.
-Има моменти кои не сум ги доживеал, но знам дека се многу важни, како основањето на клубот од Жоан Гампер или изградбата на стадионот „Камп Ноу“. Потоа, ерата на Јохан Кројф како играч и првиот Европски куп на „Вембли“ со него како тренер во 1992 година, изјави Меси во интервју за шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.
Од оние што ги доживеа, Меси се сеќава на времето на Пеп Гвардиола како тренер и на се што значеше Роналдињо за клубот со Лигата на шампионите од сезоната 2005/2006 и тројната круна со Луис Енрике, продолжи аргентинската суперѕвезда.
Меси испрати и трогателна порака до навивачите на Барселона.
-Многу ми недостигаат и се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме. Исто така, се надевам дека ќе се чувствуваат горди што се дел од најдобриот клуб во светот, изјави играчот кој настапува за американскиот тим Интер Мајами.