Утрински Весник
Спорт

Меси сениор го најави враќањето на Лео во Барселона

Меси сениор го најави враќањето на Лео во Барселона

Лионел Меси секој ден е се поблиску до враќање во Барселона. Тоа го потврдува изјавата на неговиот татко и позитивниот состанок што го имаше клубот со челниците на Ла Лига, на кои го презентрираа финанскиот план за наредната сезона.

dobivaj vesti na viber

Меси пред две години ја напушти Барселона, се пресели во ПСЖ, но не успеа да се поврзе со клубот. Изминатите месеци, редовно беше исвиркуван од ултрасите на ПСЖ. Тие го обвинија, дека заедно со Нејмар е виновникот за елиминацијата од Баерн во Лигата на шампионите.

„Лео сака да се врати во Барселона и јас би сакал да го видам назад во Барса. Можам да кажам дека сме сигурни дека враќањето во Барселона е сигурна опција. Наскоро ќе ја знаете иднината”, изјавил Хорхе Меси.

Таткото на Меси, кој воедно е и негов менаџер, во понеделникот имал средба со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта. Средбата се случила по состанокот на првиот човек на клубот со челниците на Ла Лига.

Можете да прочитате

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона