Утрински Весник
Спорт

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Norway v senegal group i fifa world cup 2026.jpg

Лионел Меси вчера против Австрија постигна два гола и го задржа првото место на ранг листата на најдобар стрелец.

Аргентинецот во два меча има пет погодици.


Вчера, по два пати погодија и Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд со што сега и двајцата имаат по четири погодоци.

Се чини дека токму тие ќе ја предводат трката за „Златната копачка“ на турнирот имајќи предвид дека сите три селекции се пласираа во следната фаза уште во второто коло.

На четвртото и петтото место се Денис Ундав од Германија и Џонатан Дејвид со по три погодоци.

Денес се комплетира второто коло, а натпреварите од последното трето коло на програмата се веќе од утре.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи