Утрински Весник
Спорт

Меси ќе добие „Супер златна топка“?

Меси ќе добие „Супер златна топка“?

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го освои трофејот кој му недостигаше во кариерата со триумфот на Аргентина на Светското првенство во Катар. Со ова тој стана „бесмртен“ меѓу своите Аргентинци, а добива огромни почести ширум светот.

dobivaj vesti na viber

За такво признание размислува и „Франс Фудбал“. Меси е следниот на кој треба да му се додели „Супер Златната Топка“, награда која досега ја добил само еден играч, Алфредо Ди Стефано од Реал Мадрид, во 1989 година.

Аргентинецот со шпански пасош тогаш за првото место ги победи Мишел Платини и Јохан Кројф, како еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација со 308 гола на 396 меча за Реал Мадрид и пет европски титули по ред од 1956 до 1960 и две „Златни топки“.

Можете да прочитате

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри