Утрински Весник
Спорт

Меси двоен стрелец за Аргентина

Меси двоен стрелец за Аргентина

Аргентина ја победи Јамајка со 3:0 на пријателски натпревар, но не блескаше. Убедлив триумф донесе првата ѕвезда Лионел Меси со два гола во завршницата од мечот.

dobivaj vesti na viber

Селекторот Скалони сакаше да провери како ќе се снајдат останатите фудбалери без Лионел Меси и на почетокот од мечот го остави на клупата. Хулијан Алварез обезбеди водство во 13.минута, но Аргентина немаше некоја посебна доминација.

Меси влезе во игра во 56.минута на местото на Лаутаро Мартинез, а и тоа му беше доволно време за да биде двоен стрелец. Тој погоди во 87. и во 89. минута за да го потврди триумфот на „гаучосите“.



Перу го совлада Ел Салвадор со 4:1 на пријателскиот натпревар одигран во Вашингтон. Завалета си постигна автогол за водство на Перу, а израмни Ларин од пенал. Сепак, Перу со предност замина на полувреме откако погоди Џанлука Лападула исто така од пенал во 40.минута.

Во вториот дел голови за Перу постигнаа и Брајан Рејна и Кристијан Куева од пенал.

Колумбија го совлада Мексико со 3:2, со голем пресврт во второто полувреме. Мексиканците поведоа со 0:2, со головите на Вега и на Артеага, но во вториот дел Колумбија стигна до триумф, со двата гола на Синистера и погодокот на Вилмар Бариос.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали