Утрински Весник
Македонија

МЕСЕЧНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Октомври ќе ни донесе многу променливо време, ќе се менуваат ладните и топли воздушни маси!

Meteoalarm.mk .mesechna Analiza.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Месецот Октомври веќе започна со многу променливо време, па така ќе продолжи во текот на целиот месец, нормално, барем според најновите достапни прогностички материјали кои ги имам. Врнежите во регионот ќе бидат значително натпросечни, додека кај нас во Македонија тие ќе бидат околу просекот, а натпросечни врнежи се можни во западните предели од Македонија.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат околу просекот за месец Октомври, но мора да напоменам дека  и понатаму ќе имаме доста осцилации на температурите, односно ќе се менуваат топлите  и студените воздушни маси, па не би било чудно повторно во текот на месецов да се појави мразот  и сланата во утринските часови, па  и снегот на високите планини.

НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за доста долгорочна анализа, промени во истата се можни, па токму поради ова за да не дојде до забуна кај граѓаните, тие да ги следат моите пократкорочни метео анализи, кои се со голема веројатност за остварување.

Можете да прочитате

Мицкоски: Да создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на државата

На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

Милошоски: Пожарите не се случајни, МВР успешно ја врши својата работа, сторителите ќе одговараат за своето дело