Утрински Весник
Македонија

Мерките што ги носи МЗШВ секогаш се во договор со земјоделците, најдобар начин за успешна владина политика без протести

Traktor Zemjodelie 1024x683 1.jpg

Најдобрите решенија при стопанисувањето во било кој бизнис ги имаат тие што ги живеат проблемите и предизвиците во текот на работата. Во земјоделското производство тоа се земјоделците, оние кои секојдневно се соочуваат не само со условите за стопанисување во едно општество туку и со временските услови од кои голем дел од земјоделските гранки се директно зависни. Земјоделството е ризичен бизнис бидејќи е многу зависен од временските услови и е поранлив на природни катастрофи од другите сектори.

Имајќи ја предвид оваа констатација МЗШВ сите мерки и програми кои ги носи ги креира заедно со претставници на земјоделците. Ова е воедно и најдобрата превентива од можни незадоволства од страна на земјоделците кои со сето нивно право можат да го искажат и на улиците. За ова сме сведоци деновиве во различни европски држави каде што силните земјоделски производители, здружени и единсвени, покажуваат дека не се согласуваат со одредени мерки кои ги носат нивните држави односно Европската Унија. Особено се гласни во делот на укинувањето на субвенциите за гориво и примената на „зелените мерки“ кои ги ограничуваат нивните производства.

– Воведувањето на „Зелената нафта“ кај нас беше барање на земјоделците повеќе години. Затоа и прва мерка која ја воведовме со доаѓањето на оваа Влада, беше поефтина нафта за земјоделците која првпат стартуваше во 2019 година, со поддршка од 30 проценти а која во 2022 година беше зголемена на 50 отсто, денеска таа поддршка за зелена нафта достигна до 100 отсто. Поддржувајќи годишно 55.000 земјоделци. Друго нивно барање беше новиот модел на субвенционирање кој е своевидна реформа во аграрот бидејќи одговори на неколку нивни укажувања и барања особено во неправилна поделба на субвенциите и немањето контрола дали парите завршуваат кај вистинските земјоделци. Постапката ја водевме максимално транспарентно и во дирекнта консултација со земјоделците, за секоа едно прашање. Во целиот процес на подготовката беа вклучени земјоделците, земјоделските здруженија и стручната јавност, потсекторските групи и Агро Советот како највисоко советодавно тело во земјоделството. Исто така преку програмата за рурален развој овие две години обезбедивме поддршка во набавка на трактори, силоси, системи капка по капка, поддршка за руралните жени, за младите, за набавка на педигриран добиток за земјоделците, на комбајни за жито, опрема за тутун, специјализирани комбајни за ориз, мобилни сушари како и набавка на целокупна опрема и механизација за модернизирање на земјоделското производство. „Млад земјоделец“, „Рурална жена“, „Бизнис план“…сите овие мерки беа барање на земјоделските производители и навистина интересот за нив беше огромен – изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Земјоделското производство мора да се следи, прогнозира и делува навреме. Тоа е најдобриот начин да нема незадоволство кај земјоделските производители кое со право можат да го манифестираат со блокади и протести. Последниве години сведоци сме дека се помалку имаме изливи на незадоволство од страна на земјоделците, што секако е добар показател за одличната соработка меѓу нив и институциите. Здружувањето на земјоделците и нивни посветени претстедатели на здруженија се најдобриот одговор на сите нивни барања, имајќи ја предвид реалната состојба во државата и висината на поддршката која се одвојува од буџетот за земјоделското производство. Тоа значително и олеснува на една Влада кога карши неа има сериозен партнер за преговори и договори околу политиката за овој значаен сектор. Целта им е заедничка – зголемено домашно производство на храна и задоволни земјоделци.

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година