Утрински Весник
Свет

Мерц: Германија ќе работи упорно за мир и безбедност во Европа

Merc.webp.webp

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во своето божиќно видео обраќање порача дека мирот, безбедноста и просперитетот на Европа остануваат врвен приоритет на неговата влада.

„Овие месеци и години се за мир, безбедност и просперитет за целиот наш континент“, изјави Мерц, нагласувајќи дека Германија има одговорност не само кон сопствените граѓани, туку и кон Европа во целина.

Тој истакна дека германската влада ќе продолжи трпеливо и упорно да ги штити националните интереси, потенцирајќи дека одлуките што се носат денес ќе имаат долгорочен ефект. Осврнувајќи се на изминатата година, Мерц призна дека работата во рамки на коалициската влада не била секогаш лесна и дека постигнувањето компромиси често било проследено со интензивни дискусии.

„Имаше расправи и не сè течеше непречено“, рече тој, додавајќи дека дел од мерките допрва ќе почнат да се применуваат. Канцеларот порача дека на Германија ѝ се потребни трпение, упорност и секојдневна посветеност за носење на најдобрите одлуки во интерес на земјата.

Можете да прочитате

Скандал од 100 милиони долари го потресе украинскиот врв, Зеленски нема коментар

Иран: Хормуз мора да остане под наша контрола

Руски беспилотни летала се урнаа во Латвија