Утрински Весник
Балкан

Мерц: ЕУ ќе почне постепен процес на интеграција на Западен Балкан

Image 2026 06 05 205101519.png

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европска Унија планира да почне постепен процес за вклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ и да испрати сигнал дека се посакувани како полноправни членки,

– Јасната порака од денешниот состанок е и ќе остане: Ве сакаме. И сакаме овој регион и земјите во него наскоро да станат членки на ЕУ, истакна Мерц по Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

Германија и Франција вчера претставија нова иницијатива за забрзување на процесот на пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан и Молдавија, нудејќи поголеми придобивки од интеграцијата пред полноправно членство, вклучително и привилегиран пристап до европскиот единствен пазар и можност за испраќање набљудувачи во институциите на ЕУ.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31