Утрински Весник
Македонија

Мемов од ЗНАМ се дообјаснува за ВРЕДИ: Зборував од мое лично име, а не во име на партијата

Img 0492.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако вчера излезе со став околу односите со Коалицијата ВРЕДИ, денес портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов се исправа, велејќи дека тоа бил негов личен, а не став на партијата.

„Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став  и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции

Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период. По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, појаснува Мемов.

Инаку, претходно, во објава на социјалните мрежи Мемов упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово