Утрински Весник
Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел

Pruga Zeleznica Sine Pixabay 2.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во четврток, 6 ноември, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов ќе го потпишат Догорворот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8.

На потпишувањето кое ќе се случи на железничката станица Ѓуешево, предвидено е да присуствуваат претставници на Европската комисија, претставници на НАТО, претставници на САД на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, како и претставници на Светска банка.

Изградбата на железничкиот тунел ќе претставува меѓугранична точка на двете држави на Коридор 8. Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 км, од кој 1,2 км се наоѓа на територијата на Македонија. 

Изградбата на железничкиот Кориодр 8, покрај економското значење за Македонија и регионот, има и безбедносно значење во рамки на НАТО Алијансата. Во таа насока, на источниот Коридор 8 веќе е изградена и пуштена за сообраќај пругата од Куманово до Бељаковце. Делницата од Бељаковце до Крива Паланка е во фаза на изградба, а интензивно се работи и на подготовка за третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија која во продолжение ќе го опфати и тунелското решение.

Можете да прочитате

Возела 142 км/ч на место каде максимално е дозволено 50 км/ч, приведена жена од ресенско

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“