Утрински Весник
Свет

Мелони: Западен Балкан не смее долго да остане надвор од ЕУ

Мелони: Западен Балкан не смее долго да остане надвор од ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската унија треба да и даде приоритет на интеграцијата на Западен Балкан и дека не може да дозволи овој регион да остане долго време надвор од ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Во Трст, на североистокот на земјата, во организација на италијанското Министерство за надворешни работи, се одржа конференцијата „Италија – Западен Балкан“ со цел да се доближи италијанската политика и деловниот свет до тој регион.

„Како соседна земја, Италија е свесна за виталното значење на овој регион за иднината на цела Европа. Од искуство знаеме дека сè што се случува надвор од Јадранот влијае на нас во моментов“, рече Мелони во видео пораката објавена на конференцијата.

Наведувајќи дека сегашната динамика во светот, како што е руско-украинската војна, ја прави оваа конференција неопходна, Мелони рече: „Европа има голема одговорност кон Балканот. Неопходно е да се потврди чувството на припадност кон овој регион, нашиот свет и нашите вредности. Тоа беше мојата порака на Самитот на ЕУ – Западен Балкан што се одржа на 6 декември во Тирана“, објави „Анадолија“.

Таа подвлече дека не можат да се задоволат само економски мерки за регионот: „Итно е ЕУ да постави нова визија за овој регион и да го вклучи проширувањето кон Западен Балкан меѓу своите приоритети. Не можеме да дозволиме овој стратешки дел од нашиот континент да остане надвор од заедничкиот европски дом многу подолго“.

Истакна дека регионот е важен и за сопствената национална безбедност.

„Безбедноста и растот на сите народи во Западен Балкан се фундаментални за националните интереси на Италија“, изјави Мелони.

„Целта на оваа влада е да ја приближи Италија до Балканот. Нашите компании се веќе во регионот и играат водечка улога, но мора да го обновиме тоа присуство и да инвестираме во стратешки сектори“, вели таа.

Можете да прочитате

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток

Фон дер Лајен: Русија користи мигранти за хибридни напади врз Финска