Утрински Весник
Свет

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

20241126065700 Big 730x400 27.webp.webp

Повеќе од 34.000 луѓе се пријавија за избор на 881 судија следната година во Мексико – првата држава во која гласачите ќе избираат судии на сите нивоа.

Левичарската претседателка на Мексико, Клаудија Шејнбаум, која ја брани реформата што ја освои нејзиниот претходник и ментор Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека тоа е „историски потег“. 

Пред трансферот на власта на 1 октомври, Лопез Обрадор ја спроведе реформата за борба против корупцијата во судството од окружните судови до Врховниот суд.

Левичарското движење за национална регенерација „Морена“, на власт од 2018 година, го обвинува правосудниот систем дека е во служба на конзервативната елита.

Опозицијата и вработените во судството, кои со недели штрајкуваат, го осудуваат оспорувањето на независноста на судството.

САД тврдат дека таа реформа ги загрозува приватните инвестиции во Мексико, на кои им е потребна правна стабилност.

За местата на девет судии во Врховниот суд регистрирани се 480 пријави, покажуваат денешните официјални извештаи.

Првото гласање за изборот на судии ќе биде на 1 јуни 2025 година, а потоа Мексиканците повторно ќе ги избираат во 2027 година. 

Можете да прочитате

Хорор во зоолошка градина во Романија: Тигар го уби чуварот

Четириесет тела со траги на мачење пронајдени во болница во Дамаск

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона