Утрински Весник
Свет

Медведев: Овој конфликт ќе трае многу долго, најверојатно со децении

Медведев: Војната со Украина и Западот е нова патриотска војна

Војната во Украина би можела да трае со децении, изјави клучниот сојузник на Владимир Путин, пренесе руската новинска агенција РИА.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека војната може да се претвори во конфликт кој се карактеризира со долги периоди на борби, испрекинати со прекини на огнот.

„Овој конфликт ќе трае многу долго, најверојатно со децении“, рече Медведев, пренесува РИА.

„Се додека постои таква украинска влада, ќе има, да речеме, три години примирје, две години конфликт и сè ќе се повтори“, додаде тој и го повтори тврдењето на Москва дека Украина е нацистичка држава.

 

Можете да прочитате

Осум лица загинаа во пад на хеликоптер во Индонезија

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години